Комора на судските толкувачи на Чешката Република, з. г.

cz deenesfrhuptrursalitukmkeosajpgrvironlilskplbgcntruz

Актуелности

| Корисни информации |

Корисни информации

Корисни информации во врска со судските толкувачи и оверените преводи

  Судски толкувач - кој е тоа и за што може да е корисен

            Судски токлувач (меѓутоа исправно е да се наведе и преведувач, бидејќи фактички се работи за разни професии: токлувачот преведува изјави од еден јазик во друг усмено, преведувачот тоа го прави писмено) е лице кое од окружниот суд, надлежен спрема местото на живеење на толкувачот, е овластено за изработка на оверени преводи и за толкување во ситуации кога тоа го бараат законите на Чешката Република.

            Судскиот толкувач, значи, работи не само за државните органи како што се Полицијата, судовите, државното обвинителство, туку и за приватни лица. Ако на пример планирате да склучите брак со странец или да работите во странство, ќе ви требаат преводи на документите „со печат". Ако било каде во институциите ви биде речено дека за правната работа треба да си најдете толкувач, треба прво да се уверите дали стварно се мисли на судски толкувач; бидејќи не е ништо полошо одколку да барате толкувач половина саат пред расправата.

  Како да се најде правиот толкувач

            Со таков судски толкувач може да ве поврзе и самата институција; ако тоа не го направи, можете без плаќање да си го најдете сами, било преку интернет на вебсајтот на Комората за судски толкувачи на ЧР з. г. (www.kstcr.cz), на серверот на Министерството за правда (www.justice.cz), било со помошта на телефонски именик „Златни страници, односно Zlaté stránky". Освен тоа информации може да добиете од најблискиот суд, кој за надокнада ќе ви испрати извод од регистерот на судските толкувачи.

  Се преведува оригинал или копие на документот?

            При нарачување на оверени преводи сакаме да ви препорачаме претходно да размислите дали оригиналниот документ што го давате за превод некогаш ќе ви притреба (во голем број случаи документот ќе го предадете на државниот орган и повеќе нема го видите). Се работи, на пример, за свидетелства и дипломи. Во такви случаи е добро да се направат оверени копии, што значи дека истоветноста на копието со оригиналот ќе се овери кај нотар, или на суд (упозоруваме дека судскиот преведувач не може да потврдува истоветност на копието со оригиналот). При оверување на копии од документи на странски јазик одете исклучително кај нотар, но треба претходно да прашате телефонски дали нотарот оверува текстови на странски јазик, бидејќи тоа не е правило.

            Општо препорачуваме, на судскиот преведувач да му давате оверени копии, бидејќи за изработка на оверен превод се користи само оригинал или оверено копие (види го Правилникот на Министерството за правда на ЧР, бр. 37/1967 год. за примена на Законот за вешти лица и толкувачи, прочистен текст, чл. 14 ст. 2). Понекогаш, како на пример кон документите за склучување на брак во Австрија, треба копието да биде оверено лично од нотарот, а во никој случај од лицето кое нотарот го поверил.

Како изгледа оверен превод

Оверениот превод содржи:

1.   оригинал или оверено копие од документот

2.   превод на конкретен јазик

3.   а на посебна страница, т. н. „Изјава на преведувачот" со негов печат и негов потпис.

Во изјавата преведувачот потврдува дека преводот буквално е истоветен со оригиналот.

      Комплетот од документите мора да биде сошиен така да не може да дојде до одделување на документите. Тоа се прави на тој начин што комплетот се продупчува, низ дупките се провлекува врвца (не мора да биде во народниот триколор), двата нејзини краја се прелепуваат и на тоа место се става печат од преведувачот.

Како се наплатува преводот и толкувањето

            При превод и толкување за државните органи цените се одредуваат спрема Правилникот бр. 37/1967 год. за примена на Законот за вешти лица и толкувачи, прочистен текст; во останатите случаи важат договорените цени меѓу преведувачот и муштеријата.

            Преводите се наплатуваат спрема таканаречените „нормостраници". Нормостраницата спрема чешките стандардни норми се пресметува за пишување на машина 30 реда по 60 удари вклучувајќи ги и растојанијата меѓу знаците. При компјутерски програми тоа изнесува 1800 знаци (бајти). Поимот „нормостраница" (односно страници од преводот), така го дефинира и Правилникот на Министерство за правда на ЧР бр. 37/1967 год. за примена на Законот за вешти лица и толкувачи, пречистен текст, во чл. 24 ст. 2. Започнатата страница се наплатува како цела ако го затвора текстот или негов целосен дел.

            Толкувањето се наплатува со цени за работен ден (8 саати) заедно со паузите и прекините. Толкувачот и муштеријата можат предходно да се договорат за работа на половина ден, односно на четири саати. Сосема исклучително може да се договори саатнина за работа пократка од два саати.

            Времето поминато на пат надвор од местото на живеење толкувачот има право да го наплати како работно време. Надокнадата на патните трошоци (патувањето, хранарина, смештај, џепарац и сл.) се одредуваат спрема важечките правни прописи на Чешка Република.

 

« Назад на почетокот

Vstup k interním sdělením pro členy KST ČR


Created by Zebu webdesign s.r.o. | tvorba www stránek | redakční systém

Vytvořeno v univerzálním redakčním systému ePublish.CZ Valid CSS! Valid XHTML 1.0!